Брнабиќ до пратеник: Тоа што сме геј не значи дека сме на „ти“

Жестока расправија во српскиот Парламент
Седницата на Собранието на Србија заврши со силни тензии и жестока расправија меѓу претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, и пратеникот Милош Парандиловиќ. Инцидентот, кој брзо се прошири на социјалните мрежи, привлече внимание поради невообичаениот тон и личните квалификации упатени за време на дебатата.

Текот на инцидентот Конфликтот започнал откако на Парандиловиќ му била изречена опомена, објави 4news.mk Наместо да се смири, тој продолжил со повишен тон да ѝ се обраќа на Брнабиќ, користејќи го неформалното „ти“ и упатувајќи навреди кон пратениците од владејачкото мнозинство.

Парандиловиќ од говорницата провокативно извикал: „Ајде, изречи уште една опомена“.
Покрај непочитувањето на деловникот, тој продолжил со серија навреди пренесени од страна на српските медиуми.
Одговорот на Брнабиќ
Претседателката на Собранието реагираше со директно посочување на разликата меѓу приватниот и професионалниот однос, во обид да го врати редот во салата.

„И да ви кажам, Милоше, тоа што сме геј и Вие и јас, не значи дека можеме да бидеме на ‘ти’. Едно е сексуалната ориентација, а друго е дали сме пријатели. Тие две работи не подразбираат една со друга. Така што, да се задржиме на ‘Вие’“, изјави Брнабиќ.

Зачестени тензии
Оваа седница беше обележана со повеќе тензични моменти и прекини, но токму оваа размена на реплики стана една од најкоментираните теми во јавноста, ставајќи го во фокус парламентарниот бонтон и начинот на комуникација меѓу политичките неистомисленици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e