Трагедија во Србија: Возел во спротивен правец и предизвикал сообраќајка во која загинаа 4 млади лица

Најмалку четири лица загинаа во директен судар на автопатот Шабац – Рума во соседна Србија, а лекарите се борат за живот за уште едно 22-годишно лице.

Трагедијата се случила вчера кога возач на Форд со белградски регистарски таблици на сред автопат се движел во спротивна насока, и се судрил директно со Голф. Во голфот се наоѓале четири млади лица кои користеле популарна апликација за делење на превоз, се возеле кон Словенија.

Само неколку минути пред несреќата, на социјалните мрежи стигна предупредување за неконтролирано движење на Форд во спротивна насока.

„Автопат во близина на Шабац кон Рума, човек вози во спротивна насока со 130 на час, внимавајте! Темно сив Форд. Овој ќе убие некого“.

Само неколку минути подоцна, околу 13 часот, се случи несреќата.

Загинале три лица од голфот. Две лица на лице место маж и жена, додека возачот на голфот, 24-годишно лице било пренесено во болница каде подлегнало на повредите, додека лекарите се борат за живот на 22-годишно лице од истото возило. Загинал и возачот на фордот кој го предизвикал сударот возејќи во спротивна насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e