И безбедниот секс ќе стане лускуз поради војната во Иран

Безбедниот секс би можел да поскапи доколку војната со Иран продолжи да ги нарушува глобалните синџири на снабдување, наведува ново интервју со извршниот директор на најголемиот светски производител на кондоми, пренесува Си-Ен-Ен.

Извршниот директор на компанијата Karex, Гох Миа Киат, изјавил за Ројтерс дека компанијата би можела да биде принудена да ги зголеми цените за најмалку 20 до 30 отсто, во зависност од тоа колку долго ќе траат нарушувањата. Глобалните синџири на снабдување се погодени од војната од крајот на февруари, како и од блокадата на Ормутскиот теснец, што го ограничило протокот на некои материјали потребни за производство на кондоми.

„Ситуацијата е навистина многу кревка, цените се високи“, изјавил Гох за Ројтерс. „Немаме избор освен трошоците да ги пренесеме на купувачите“, пренесува Си-Ен-Ен.

Компанијата Karex, со седиште во Малезија, произведува кондоми, лубриканти, ракавици, медицински катетри и заштитни навлаки за сонди. Таа произведува машки латекс кондоми под брендовите ONE, Trustex, Carex и Pasante, а има капацитет од над 5 милијарди кондоми годишно. Karex извезува во повеќе од 130 земји, според податоците од нивната веб-страница.

Гох додал дека, покрај повисоките трошоци за производство и пакување, има и доцнења во испораката.

Тој изјавил дека „многу кондоми остануваат на бродови кои сè уште не пристигнале на својата дестинација, иако се многу потребни“.

Си-Ен-Ен контактирал со компанијата Karex за да дознае кога би можело да стапи на сила зголемувањето на цените. Во меѓувреме, Гох изјавил дека компанијата има доволни залихи за уште неколку месеци.

Порастот на цените на горивото поради војната со Иран го ставил енергетскиот сектор во фокус, а економистите предупредуваат дека растот на цените може да ја намали потрошувачката и да го забави производството, особено во Азија, која во голема мера зависи од нафта од Блискиот Исток.

Воедно, нарушувањата ги погодиле и т.н. суровини – нуспроизводи од нафтата што се користат за производство на пластика и други материјали, вклучувајќи нафта, силиконско масло и амонијак, кои се клучни за производство на кондоми.

Поради тоа, во некои земји од Југоисточна Азија веќе се воведуваат мерки за штедење на горивото, а дел од училиштата преминуваат на онлајн настава поради високите трошоци за транспорт. Индустриските аналитичари предупредуваат дека ова може да влијае и на работниците во фабриките и да го забави производството на извозни производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e