Првомајски снег на Копаоник и Златибор

Иако први мај е на праг, на планините во Србија утрово се забележани врнежи од снег.

Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени.

Во моментот во Златибор е нула степени . Невообичаено студено време за ова време од годината е забележано во сите делови на Србија, во пресрет на Први мај, па на некои места очигледно ќе биде потребна лопата за снег за да се прослави со скара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e