Ужас во БиХ: татко го усмрти своето 2-годишно дете па си го одзеде животот

Во селото Каберник, во близина на Вишеград, се случила тешка семејна трагедија во која се пронајдени мртви татко и неговото двегодишно дете.
Според првичните информации од истрагата, се сомнева дека 49-годишен маж од Горажде прво го усмртил своето дете, а потоа и самиот си го одзел животот.
Од Обвинителство на Источно Сараево е наредена обдукција на телата со цел да се утврдат точните околности, времето и причината за смртта.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на полицијата, а во истрагата се вклучени и други надлежни служби. Според локалните медиуми, мажот бил разведен и оставил збогум порака до семејството.
Истрагата за овој случај продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e