Помладата соработничка во министерството за земјоделство призна вина и дека земала мито од 2 000 евра. Но си бара назад 6 илјади бидејќи при претресот полицијата и запленила вкупно 8 илјади евра. Јасмина Костадинова слушајќи ги зборовите на обвинителката плачеше и рече дека се кае, а признанието го дава без да е под притисок од друг, објави телевизија Телма.
Костадинова е една од 9 темина обвинети кои требало да помогнат фирма која не била меѓу рангираните да земе пари од европските ИПАРД фондови.
„Секако дека само врз основа на едно признание на вина и обвинителството се согласува дека не може да се занова една пресуда. Меѓутоа едно признание на вина дадено од обвинетиот во корелација со сите други докази кои обвинителстовто ќе ги изведува во текот на наредните главни расправи ќе биде само една коцка во мозаикот“, рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.
Извор: Телма
