Наркобосот Ел Чапо екстрадиран од Мексико во САД

Озлогласениот мексикански „господар на дрогата“ Хоакин Гузман познат акко „Ел Чапо“, екстрадиран е во САД, јавуваат светските агенции пренесувајќи соопштение на мексиканската влада.

Тој пристигна во Њујорк со лет од Сиудад Хуарез. Гузман, кој се соочува со казна доживотен животот во САД, се бара под обвинение за трговија со дрога и шверц на огромни количини дрога во земјата.

За челникот на картелот Синалоа имаше две барања за екстрадиција – едно од Калифорнија, и друго од Тексас.

Минатата година тој беше преместен во затвор во Сиудад Хуарез, кој се наоѓа од другата страна на границата со Ел Пасо во Тексас, но властите во тоа време негираа дека трансферот е предвесник на екстрадиција.

Гузман водеше судска борба за да остане во Мексико, но неговите жалби беа одбиени. Тој претходно успеа да избега од два мекикански затвори со макимално обезбедување. Гузман треба да се појави во федералниот суд во Бруклин во петокот.

Мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман Лоер, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, водач на наркокартелот Синалоа, беше уапсен во петокот во истоимената сојузна мексиканска држава, шест месеци по романескното бегство од затвори со висока безбедност во Алтипплан, каде што повторно е вратен. Мексиканската влада не сака да ризикува негово ново бегство, бидејќи тоа ќе има многу негативни последици за перцепцијата на сериозноста на владата.

Гузман кон средината во јули 2015 година избега по вторпат од затворот со максимално обезбедување. Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови. Сознанијата велат дека осуденикот бегството го извел со помош на наркокартелот Синалоа, една од најголемите злосторнички организации во Мексико.

Лоер беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година, Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе.

Тогаш властите понудија награда од 2,3 милиони долари за информација што би овозможила ликвидација на Гузман. Наркобаронот беше уапсен повторно во февруари 2014 година, во еден од хотелите во градот Масатлан во западно Мексико.

Со статусот на легендарен и недофатлив мексикански крал на дрогата, се проценува во моментов на една милијарда американски долари. Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes.

Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

Магазинот Forbes рангирајќи ги личностите според „четири димензии на моќ“: влијание врз други луѓе, контрола на богатства, разновидност на влијанијата и активно користење на моќта во 2009 година Хоакин Ел Чапо Гусман, наркобаронот кој тогаш беше во бегство во зафрлените планини на северот на Мексико, го рангираше како глобално помоќна личност од тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, од поранешниот француски Николас Саркози и од сега починатиот венецуелски претседател Уго Чавез

На тој список на „најмоќните луѓе на светот”, Гузман беше рангиран на 41 место, две места пред Медведев и дури 15 места повисоко од Саркози, и само четири места подолу на листата од најбараниот терорист Осама бин Ладен, сега ликвидираниот водач на Ал Каеда.

Кога во 2007 година 52-годишниот Гузман правеше свадба со 18-годишна убавица, банкетот беше толку добро обезбедуван што армијата не се ни обиде да го приведе младоженецот.

Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e