Нападнат универзитет во Нигерија, киднапирани студенти

Вооружени лица нападнале универзитет во северната нигериска држава Кадуна, по што киднапирале се уште непознат број студенти и убиле еден вработен, соопштија денеска локалните власти.

Нападот се случил синоќа во 20.15 часот, кога голем број напаѓачи ја окупирале зградата, изјави портпаролот на локалната полиција.

– Киднапирани се студенти, но засега не знаеме колку од нив, истакна портпаролот.

Двајца универзитетски службеници изјавија дека најмалку 20 студенти не одговориле на прозивката, но не знаеле колку точно се киднапирани, а колку успеале да избегаат.

Локалниот министер за внатрешни работи Самуел Аруван потврди дека бил извршен нападот и додаде дека еден вработен на универзитетот притоа е убиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e