Најмалку 313 лица се повредени за време на концертот во Шпанија

Најмалку 313 лица се повредени, а пет од нив добија потешки повреди кога се урна дрвено шеталиште на брегот на шпанскиот град Виго за време на концерт, изјавија официјалните лица.

Платформата на морскиот брег се урнала непосредно пред полноќ додека луѓето го гледале настапот на еден рап-музичар за време на дводневниот фестивал во Галиција.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пејачот ги поканил присутните да скокаат, а кога тие го послушале – платформата се урнала.

Неколку екипи на итната помош се погрижиле за повредените, а биле испратени и нуркачи во морето за да проверат да не има некој заробен под структурата.

Полицијата потврди дека нема загинати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e