Најдено е решение кое им одговара на Шпанците, но и на Каталонците?

Можно е решение на релација Шпанија – Каталонија.

Министерката на Шпанија за јавна управа,  Мартижел Батет изјави денеска дека за да се реши кризата со Каталонија треба да се направат реформи во Уставот.

Таа објасни дека сака шпанскиот Устав да се насочи кон „федерален модел“.

Бабет констатираше дека досега Уставот се покажал како успешен, но дека му се потребни измени поради новосоздадената ситуација.

Таа е член на шпанската Социјалистичка партија и смета дека на Уставот со автономни заедници му треба ревидирање.

За независност гласаа 90 отсто од Каталонците лани на референдум во октомври.

Потоа имаше низа политички превирања. Мадрид се спротивстави на оваа одлука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e