Над 300 луѓе загинаа во временските непогоди во Јапонија

Овогодишниот јули за Јапонија беше еден од најпогубните месеци во земјата, со оглед на тоа што повеќе од 330 лица го загубија животот поради временските неприлики.

Први во низата непогоди беа рекордните дождови кои од почетокот на месецот ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави и одрони во западниот дел од земјата, при што загинаа најмалку 220 лица, додека девет и понатаму се водат за исчезнати и се претпоставува дека загинале, пренесе „АП“.

По поплавите следеа рекорно високи температури кои достигнаа 40 Целзиусови степени, а за време на горештините 116 лица го загубија животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e