Москва ги протерува грчките дипломати

Русија ќе ги протера грчки дипломати, а времето и нивниот број се уште не се познати, кажа денес рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов.

„Веќе рековме дека ќе возвратиме со исти мерки. Не знам кога, ниту точниот број, но тоа ќе биде контра мерка, во согласност со сегашната практика“, изјави Маслов за агенцијата ТАСС.

Минатата недела Атина протера двајца руски дипломати и го забрани влезот во земјата за две лица поради обиди за поткуп на функционери и поттикнување демонстрации против договорот на Атина и Скопје за новото име на Македонија, потврдува Ројтерс.

Маслов додаде дека повеќе не е соодветен терминот за закажаната есенска посета на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Грција.

Минатиот месец грчките власти го поканија Лавров да ја посети земјата во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e