Мицотакис и Туск за темите на наредниот ЕУ самит: Фокус на проширување на Унијата и Брегзит

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск очи во очи за темите со кои ќе биде пополнета агендата на наредниот самит на ЕУ. Една од нив ќе биде проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, а фокусот, секако, ќе биде на Брегзит и последиците од излезот на Велика Британија без договор.

На дневен ред е најавено и разгледување на односите на ЕУ со Турција во однос на активностите во источниот Медитеран како и бегалското прашање. Доналд Туск оствари средба и со лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер, Алексис Ципрас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ