Меркел: Србија има клучна улога за Косово и БиХ

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека Србија е важна земја во регионот со која Германија тесно соработува. „Србија има клучна улога и што се однесува до Косово, и што се однесува до Босна и Хергеговина“, изјави Меркел, по средбата во Берлин со српскиот претседател, Александар Вучиќ. Пред средбата зад затворени врати, Меркел изјави дека сака „овие преговори да придонесат во изнаоѓање решение за Косово, иако ова понекогаш може да биде тешко“. Вучиќ изјави дека Србија е посветена кон мир и стабилност и дека секој можен конфликт на Балканот, би ги вратила сите земји во регионот назад 100 години. „Ќе сториме се што е можно за да избегнеме тензии, конфликти или дестабилизација на регионот“, изјави Вучиќ. Тој додаде дека европскиот пат е од суштинско значење за Србија и дека таа ќе треба да донесе „неколку тешки одлуки доколку сака да биде дел од ЕУ“.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e