Косово главна тема на средбата Могерини – Вучиќ

Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебно на економско поле, но и слабиот напредок во реформите во владеењето на правото беа теми на денешната средба во Белград на високата преставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и српскиот претседател Александар Вучиќ.

На пресс конференцијат по средбата, покрај најавата за можното отварањето на пет нови поглавја во преговорите со ЕУ до крајот на јуни, најмногу се говореше за Косово и Бриселскиот дијалог.

Федерика Могерини изјави дека има нова фаза во дијалогот со цел постигнување на правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово.

– Ја разгледавме и примената на договорите кои се веќе постигнати во рамки на дијалогот. Јасно нагласувам дека постои потреба во потполност да се  применат сите договори и дека е крајно време за тоа. Ова е кредибилна основа за натамошната работа кон нова фаза на дијалогот, а за тоа е потребно што побргу формирање на ЗСО, но исто така и договорот за енергетиката, истакна Могерини.

Целиот текст на Алсат прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e