Конечниот ултиматум на Путин до бунтовниците: Бегајте додека можете, кога ќе падне мрак ќе ве срамниме со земја

Бунтовничките групи од источниот дел на Алепо го игнорираа ултиматумот на Русија од каде што им беше наложено да го напуштат градот најдоцна до вчера до 19 часот по локално време.

Додека руската морнаричка флота се распоредува на источниот дел од Медитеранот предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, Путин прогласи хуманитарен 10-часовен прекин на огнот во текот на вчерашниот ден, од 9 часот наутро до 19 часот кога бунтовниците ја имаа последната шанса да го напуштат Алепо без да го предадат оружјето.

Русите соопштија дека се отворени посебни коридори за бунтовниците кои што се борат против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, слободно да го напуштат источниот дел на Алепо кој што го контролираат веќе четири години. Шест коридори беа наменети за цивилите, а два коридори за милитантите.

Како што соопштија од Москва, коридорите веќе се затворени, а тие што одлучија да останат во Алепо веќе немаат никакви шанси за компроми со сириската и руската армија.

Сепак, бунтовниците тврдат дека немаат од што да се плашат и велат дека не би можеле да побегнат дури и да сакаат. Извори од бунтовничката страна тврдат дека безбедни рути за напуштање на источниот дел во градот всушност никогаш и не постоеле. Покрај тоа, тие порачуваат дека бомбардирањето нема да го промени текот на војната.

Бунтовниците дури и го искористија примирјето за да нападнат позиции на сириската армија во западните делови од градот за да се пробијат и да се спојат со квардот Салахедин кој што исто така е под нивна контрола.

„Ситуацијата е многу сложена“, вели 29-годишниот Мохамед Ал Ахмад кој што е трговец од стариот дел на Алепо.

„Не постои начин да излеземе од Алепо. Пред да започне последната битка, имаше начини, но сега мораме дури и да платиме за да влеземе од една во друга територија. Ако имате проблеми со режимот на Асад, би можеле и да ве уапсат“, вели Ахмад.

Тој вели дека не се плаши од нови бомбардирања на градот кои што веќе и треба да започнат: „Русија секако не бомбардира. Тоа не може да не уплаши. Нема да ни биде ниту поинаква ситуацијата доколку ги интензивираат своите напади“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e