Колку заработуваат Меркел, Трамп, Макрон?

Јавноста будно го прати секој чекор на шефовите на сите држави ширум светот, а често налетуваат на критики поради нивните високи месечни плати. Еве колкави се примањата на лидерите и високите функционери од државите низ светот.

Германската канцеларка, Ангела Меркел прима месечна плата од 27.794 евра, што е околу 333.528 евра годшно.

Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон има нешто помала плата, и заработува 14.910 евра на месечно ниво.

Претседателот на САД, Доналд Трамп има солидни примања, на месечно ниво од 33.000 долари, односно 345.000 евра годишно.

Најплатен шеф на една држава е Ли Хсијен Лунг, премиерот на Сингапур, кој заработува 1.4 милиони евра годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e