Клинтон го најде виновникот за нејзиниот пораз на изборите

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон го обвини директорот на ФБИ Џејмс Коми за нејзиниот пораз на изборите на 8 ноември.

Хилари Клинтон, на затворена конференција, со главните донатори на Демократската партија, соопштила дека анализите покажале дека изјавите на директорот на ФБИ влијаеле на крајниот исход од изборите. Дел од говорот „протече“ во американските медиуми.

„Постојат повеќе причини изборите, какви што беа овие, да бидат неуспешни, но нашата анализа покажа дека писмото на Коми до Конгресот, околу новата истрага, покренаа дилеми и сомнежи дека нешто сепак има“, изјавила Клинтон пред донаторите и истакнала дека во истиот момент се растурила дотогашната позиција и сигурно водство на демократскиот кандидат.

Коми, 10 дена пред изборите соопшти дека покренал нова истрага за користењето на приватниот сервер на Клинтон за испраќање и примање службена електронска пошта. Тој претходно во јули соопшти дека се запираат сите натамошни истраги бидејќи е утврдено дека Клинтон не сторила никакво кривично дело.

Два дена пред изборите, по реакциите од Белата куќа за тоа дека директорот на ФБИ ја прекршил досегашната практика на бирото да не коментираат нецелосно завршени истраги, Коми излезе но ново соопштение во кое рече дека ФБИ останува на првичната одлука- дека нема кривично дело- и дека постапката околу електронската пошта се затвора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e