Изречен рекорден број забрани за влез во Швајцарија оваа година

– Швајцарија оваа година изрече рекорден број забрани за влез во државата. Најмногу погодени од таа полициска мерка се џихадисти и наводни шпиони.

Швајцарските власти изрекоа забрана за влез и престој во државата на 118 странци.

Сојузната полиција има можност против странци кои загрозуваат внатрешна или надворешна безбедност на државата да изрече мерка забрана за влез во државата.

Најмногу забрани – 62, се за лица осомничени дека се џихадисти. Бројот на џихадисти кои од Швајцарија заминале во Сирија според разузнавачката агенција на државата е 92, од кои 31 се со швајцарски пасош.

Зголемен е и бројот на изречени забрани за влез во државата против лица осомничени за организиран криминал – 12 и осомничени за шпионажа – 31.

Федпол им изрекол забрана за влез во Швајцарија и на 13 осомничени дека се неонацисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e