Италија: Казни до 7.000 евра за туристи што купуваат од улични продавачи

Туристите во Италија, доколку пазарад што било од уличен продавач, ризикуваат да добијат казна и до 7.000 евра.

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, предупредил дека годинава канзите за уличните продавачи, но и за оние кои купуваат од нив, ќе бидат построги, па така продавачите на државата ќе мора да и платат од 2.500 до 15.500 евра.

Туристите кои ќе платат услуга на уличен продавач и така ќе ги поттикнат на заработувачка, без разлика дали е во прашање масажа на плажа или привремена тетоважа, исто така може да се соочат со сериозни последици.

Лани од илегални мигранти и други продавачи била запленета роба во вредност од 265 милиони евра, заради што годинава мерките се значително проширени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e