Исповед на една жена: Нема да заборавам како девојче гореше пред моите очи

Сајтот Прототема објави сведочења на жители кои избегале од oгнот во Грција.

Велат дека било ужасно, бегале брзо, пламенот многу брзо се ширел, а некои скокале во морето за да се спасат, но залудно.

Една жена раскажа дека нема да заборави како девојче горело пред нејзините очи.

Популарното туристичко место Атика го снема во пожарот кој ја зафати земјата, а во кој има над 74 загинати. Се верува дека бројот на жртви ќе расте.

Мештаните и туристите бегале од пожарот, некои ги проголтале пламените јазици, некои скокале во море, некои се загушиле од чад.

Во Грција се случи национална трагедија, а грчкиот премиер Алексис Ципрас повика на сплотеност и солидарност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e