Ирачката војска влезе во предградие на Мосул

Ирачката војска денеска влезе во округот Карама, кој се наоѓа на истокот на Мосул, упориштето на Исламска држава. Ова е првпат ирачките војници да успеат да влезат во градот по двонеделните борби во околните подрачја, соопшти воен претставник.

– Влеговме во Мосул. Сега се бориме во округот Карама – рече генерал Висам Араји од противтерористичката служба ЦТС, која беше обучувана од американските сили.

Противтерористичката единица денеска ја продолжи офанзивата на фронтот по минатонеделниот прекин на напредувањето поради тоа што се пробивале побргу од другите единици.

Ирачките безбедносни сили и курдските борци почнаа офанзива на 7 октомври со воздушна поддршка од американската коалиција.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e