Хилари Клинтон веќе нема да се кандидира за државна функција

Хилари Клинтон веќе никогаш нема да се кандидира за некоја државна функција, откако претрпе пораз од Доналд Трамп на претседателските избори во ноември 2016, по кампањата која создде досега најголеми поделби, соопшти денеска соработничка на претседатлската кандидатка на демократите.

-Мислам дека таа ќе се занимава со пружање помош на деца и на семејства, изјави за Си ен ен Нира Танден, претседатлка на Центарот за американски напрдок, поврзан со демократската партија.

Според Танден, Клинтон на овие прашања била фокусирана со години наназад и дека со тоа ќе се занимава и во следните.

-Но не очекувам дека таа веќе ќе се кандидира за која било државна функција, изјави Танден.

Соработничката на Клинтон со тоа реагираше на напис објавен во Њујорк тајмс во кој се шпекулира дека Клинтон ќе се кандидира за градоначалник на Њујорк против Бил де Блазио, кој досега беше на таа функција и беше шеф на нејзиниот предизборен тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e