Хаос во Грчкиот парламент: Златна зора по повикот за пуч, отстранета од седница

Златна зора нема да учествува во останатиот дел од седницата на која во грчкиот парламент се води расправа за договорот на Македонија со Грција.

Претседателот на парламентот реагирал на повикот на пратеникот од Златна зора Константинос Барбарусис да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот.

– Бидејќи политичкото раководство на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за личен интерес, го повикувам военото раководство на земјата да ја почитува дадената заклетва и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, Панос Каменос и Прокопис Павлопулос за одвраќање на ова предавство. Вашите глави во Преспа. Вашите глави во Преспа, рече пратеникот од Златна зора на крајот од неговиот говор во парламентот и предизвика реакции кај претставниците на останатите партии, кои го осудија ставот на Барбарусис.

Златна зора повикала на воен пуч и побарал партијата да биде отстранета од расправата пренесе и Катимерини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e