Германија пред рекорден извоз на оружје

Германија бележи рекорден извоз на оружје и би можелa да го надмине продаденото количество од 2015 година, соопшти германската Влада.

„До крајот на септември германската Влада одобри извоз на оружје во вредност од 6,35 милијарди евра, што е 75 отсто повеќе од истиот период минатата година“, наведува Владата.

Министерот за економија Петер Алтмајер таквиот драстичен пораст го објаснува со фактот дека минатата година многу одлуки за извоз на оружје во одделни земји „стоеле на мраз“. Тоа посебно се однесува на извозот на оружје во Саудиска Арабија и во Обединетите Арапски Емирати, кои поради вмешаност во војната во Јемен, се наоѓаат на листата на држави за кои е спорен извозот на оружје.

На прво место според набавеното количество оружје се наоѓа Унгарија, која во првите девет месеци од годинава купила оруже од Германија во вредност од 1,77 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e