Германија планира да забрани возење автомобили по 22 часот

Германскиот Бундестаг денеска почна дискусија за новиот епидемиолошки закон, што ќе им овозможи на федералните власти да преземат мерки во региони каде што има поголема стапка на инфекција, а тоа вклучува забрана за управување со автомобили по 22 часот.

За време на заклучувањето и во врска со полицискиот час, ќе биде можно да се воведе забрана за управување со автомобили ноќе.

Според сегашната ситуација, 361 од 412 области и градови сега ќе мора да бидат заклучени. Во заклучените региони, полицискиот час би важел од 22 до 5 часот наутро.

Според законот што се усвојува, граѓаните би можеле да го напуштат домот во тој период само за да одат на работа или на лекар, и помеѓу 22 часот и полноќ на прошетки без придружба.

Тоа би го забранило управувањето со автомобили од 22 часот, а, како што рече пратеникот на ЦДУ, Рудолф Хенке, можни се контроли на возачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e