Германија не учествува во судирот во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел отфрли можност за германски воен ангажман во судирот во Сирија. Но, надворешнополитичката напнатост останува, како и неизвесноста од потезите на САД, пишува Дојче веле.
„Германија нема да учествува во воени акции“ – германската канцеларка во повеќе наврати ја нагласи оваа одлука, додавајќи дека за воени акции уште ништо не е одлучено. Последната ваква изјава Меркел ја даде вчера, четврток, кога ситуацијата беше напната по заканите од САД за интервенција во Сирија. Иако Германија во никој случај не сака воено да се ангажира, Меркел истакна: „Ја следиме ситуацијата и поддржуваме сѐ со цел испраќање сигнали дека употребата на хемиско оружје е неприфатлива.“

Целиот текст на порталот Либертас можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e