Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) потпиша колициски договор со националистичкиот блок Обединети патриоти, за составување на новата бугарска Влада.
Тоа значи дека на 4 мај, старо-новиот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов ќе го добие својот трет мандат.
Договорот е постигнат откако ГЕРБ го прифати барањето за зголемување на минималната државна пензија.