„Гардијан“: На повидок компромис меѓу В. Британија и Ирска за Брегзит

По средбата меѓу британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот ирски колега Лео Варадкар постои можност за спогодба до крајот на октомври, пренесе „Гардијан“.

Џонсон се сретна со ирскиот колега во последен обид за заживување на британскиот предлог за Брегзит, за кој ЕУ кажа дека е далеку помалку од потребното за договорно заминување на Велика Британија, особено за прашањето на ирската граница, пренесуваат медиумите на Островот.

„Овде сме, во Чешир, во Велика Британија, да разговараме за Брегзит. Се радувам на деталниот разговор за да видиме дали можеме да постигнеме напредок“, напиша Варадкар на Твитер, на кој и постави фотографија од средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e