(ФОТО+ВИДЕО) Масакр кај Валона, убиени 8 лица

Вистински масакр попладнево се случил во селото Ресулај кај албанскиот град Валона, јавуваат албанските медиуми.

Според првичните информации 24 годишниот Ридван Зукај, наводно поради нерасчистени проблеми околу имотот убил осум роднини.

ridvan-zukaj1-700x700
Осомничениот Ридван Зукај најнапред влегол во куќата на своите баба и дедо вооружен со автоматска пушка, калашников и ги застрелал. Заедно со нив убил уште две други лица од семејството на чичко му.

Како што јавуваат медиумите, осомниченото лице заминало во куќата на другиот чичко, која била само 30-тина метри подалеку, каде убил уште четири лица, односно чичко му, неговата сопруга и две деца, од кои едното имало 16, а другото 8 години.

Шестмина други лица се ранети, а осомничениот е во бегство.

Според очевидци во селото, убиецот немал психички проблеми, но бил корисник на дрога.

Полицијата попладнево ги зема на распит неговите родители, а по Ридван Зукај трагаат голем број полициски тимови. Се смета дека е вооружен и опасен по околината.

ВИДЕО од местото на масакрот може да погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e