(ФОТО+ ВИДЕО): „МЕТЈУ“ остави пустош во Америка: На Хаити над 900 жртви, во Флорида 5

Бројот на загинати на Хаити при ураганот „Метју“ порасна 900, додека десетина илјади луѓе останаа без своите домови, а земјоделските посеви се уништени во сиромашните делови на оваа карипска земја.

Неколку десетици луѓе се водат за исчезнати, најголем дел од северната страна на земјата.

1

Бројот на загинати се зголемува секојдневно, од час во час, а уште поголем е бројот на повредени, додека уште околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништа, соопштила Агенцјата за цивилна заштита на Хаити.

Хаити е често на удар на природни катастрофи бидејќи се наоѓа на патот на ураганите, а во јануари 2010 година го погоди разорен земјотрес којшто уништи поголем дел од престолнината и зад себе остави повеќе од 250 илјади мртви луѓе.

2

Ураганот „Метју“ којшто веќе се наоѓа во фаза на слабеење во близина на брегот на американските држави Џорџија и Јужна Каролина, во САД предизвика катастрофални поплави, повеќе милиони луѓе останаа без снабдување со електрична енергија на Флорида, каде, според првичните информации загинале петмина.

3

Најсилниот налет на урганато е 165 километри на час во деловите на историските градови од колонијалниот период Чарлстон, Северна Каролина и Савана.

„Во следните 36 часа постои голема животна опасност на северниот дел од брегот на Флорида, во Џорџија и на брегот на Јужна Каролина“, предупреди Националниот центар за урагани во Мајами.

Властите во Јужна Каролина наредија евакуација во засолништа коишто се обезбедени во училишните згради за повеќе илјади луѓе.

Веќе неколку милиони Американци се евакуирани по наредба и воведување на полициски час во градовите каде ураганот беше со поголема сила.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e