(ФОТО) Дутерте нареди десетици луксузни автомобили да бидат згазени со булдожер

Филипинската полиција денеска уништи 20-ина луксузни автомобили од марките „Порше“, „Мерцедес“, „Јагуар“ и други, кои биле прошверцувани во државата без да се плати царина.

– Му реков на директорот на царината да не ги продава возилата, туку да ги уништиме со булдожер. Ако ги понудевме на аукција, истите луѓе кои ги шверцуваат автомобилите, ќе ги купеа од царината, и пак ќе беа ќар, изјави претседателот Родриго Дутерте, кој лично ја водеше акцијата за уништување на автомобилите.

Дутерте додаде дека уништувањето на автомобилите е казна за богатите Филипинци кои не сакаат да платат данок за своите скапи автомобили.

134098207

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e