ЕУ назначи 19 меѓународни судии во Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Европската Унија назначи 19 меѓународни судии во Специјалниот суд, што ќе ги разгледува кривичните предмети против косовските Албанци за злосторствата сторени за време на и непосредно по војната за независност на Косово од Србија, пренесоа американските медиуми.

Новоназначените судии доаѓаат од 12 земји од Европската Унија и од САД и Канада.

Судот, лоциран во Хаг, има јурисдикција за злосторствата против човештвото, воени и други злосторства, што според косовското законодавство биле извршени меѓу 1 јануари 1998 и 31 декември 2000 година.

Специјалниот суд беше формиран минатата година и уште нема почнато со работа.

Околу 10.000 лица загинаа и 1.700 исчезнаа за време на косовскиот конфликт од 1998-1999 година, што беше прекинат со интервенцијата на НАТО во корист на косовските Албанци.

Во 2008 година Косово ја прогласи својата независност од Србија, постапка која Белград се уште не ја признава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e