ЕУ ја тужи Германија поради законот за патарини

Европската Комисија денеска поднесе тужба против Германија пред Европскиот суд на правдата, поради планираното воведување на патарини на германските автопати, јави дописникот на МИА од Берлин. Брисел верува дека системот на патарини ги дискриминира странските возачи, кои за разлика од германски возачи ќе плаќаат повеќе за користење на автопатите кои сега се бесплатни.

Минатата година Бундестагот одобри предлог­ закон кој предвидува систем за наплата на патарини кој на возилата регистрирани во Германија им овозможува да не плаќаат, односно патарините да ги платат преку одбивање од годишната такса за користење на патнички возила.

Системот за плаќање патарини треаше да биде воведен на почетокот на 2016 година, но беше одложен откако Брисел се пожали дека дискриминацијата на не-германските возачи е спротивен на Европските правила. Според предлог законот, странските возачи кои патуваат низ Германија ќе треба да платат околу 130 евра на годишно ниво додека на германските возачи оваа сума ќе им биде одбиена од сумата што се плаќа за регистрација на возилото. Европската Комисија смета дека ова законско решение е јасен случај на дискриминација. Според Комисијата, Германија има целосно право да воведе патарини на своите патишта, но тие мора да бидат чинат еднакво за сите европски граѓани.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e