ЕУ ги прошири санкциите против Русија

Европската Унија денеска објави дека ги проширува санкциите против Русија поради руското присоединување на Крим, како и изградбата на мостот над теснецот Керч .

На листата на санкции, сега постојат шест компании кои учествувале во изградбата на мостот преку теснецот Керч и автопатот Таврида, кој оди преку мостот.

Мерките вклучуваат замрзнување на средствата кои овие компании и организации ги поседуваат во ЕУ, како и забрана за обезбедување финансиска помош за физички и правни лица регистрирани во ЕУ.

Вкупниот број санкционирани организации на листата на ЕУ сега достигна 44.

ЕУ претходно воведе санкции за 155 лица на кои им е забрането да влезат на територијата на ЕУ и на кои им се замрзнати средствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e