Ердоган: Мора да се внимава состојбата да не ескалира

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е важно да се внимава да не дојде до дополнително ескалирање на тензиите во регионот, по воздушните напади на САД, Британија и Франција врз Сирија.

Турското Министерство за надворешни работи оцени дека нападите се „соодветни“, но во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј, Ердоган додал дека е потребно политичко решение на кризата и ставање крај на злосторствата извршени од страна на сирискиот режим, јави новинската агенција ДПА.

Пред нападите, Ердоган беше своевиден посредник меѓу претседателите на САД и Русија, и одржа телефонски разговори со нив.

Извор: Алсат 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e