Џулијани издал инсајдерски информации: ФБИ подготвува револуција против Клинтон

Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и близок соработник на Трамп, открил дека знаел дека шефот на ФБИ Џејмс Коми планира да објави отварање на нова истрага за електронската пошта на Хилари Клинтон, што беше еден од најсилните аргументи против нејзиниот избор.

Со тоа потврдил дека таа информација однапред ја знаел и штабот на Трамп. Џулијани се пофалил дека тоа му го дојавиле неговите пријатели, поранешни агенти на ФБИ, велејќи дека ФБИ подготвува револуција против Клинтон.

Тоа сосема сигурно внесува нова динамика во текот на кампањата откако Клинтон падна во анкетите поради објавата на ФБИ.

Ништо не направив за да дојдам до информациите, немав улога во тоа. Е, сега, дали сум слушнал за тие информации, секако дека слушнав!“, рекол Џулијани во програмата на Fox, пренесува „Huffington Post”.

„Многу сум внимателен и нема шанси за тоа да зборувам со некој од активните агенти на ФБИ. Не сакам да ги компромитирам. Но, верувајте ми дека имам многу лични пријатели од ФБИ кои сега се во пензија“, порачал Џулијани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e