Драма во Србија: мајката и двајцата синови го убиле мажот, а лажеле дека е во странство

Полицијата во Пожаревац, Србија уапси мајка и двајца синови, поради сомнение дека го убиле сопругот, односно таткото, во 2013 година.

Полицијата се сомнева дека А.Љ. (24), Л.Љ (19) и С.Љ (48), во 2013 година учествувале во убиство на мажот С/Љ (43), и потоа го закопале на едне плац во близина на Кучево.

Уапсените се сопруга и синови на уапсениот. Мајката на соседите им велела дека сопругот заминал во странство да работи.

Белградските медиуми пренесоа дека телото на убиениот најдено е закопано покрај патот кој води на гробиштата во Кучево.

Осомничените 48 часа ќе бидат задржани во притвот.

Полицијата го нашла и пиштолот со кој е извршено убиството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e