Денес беше погребан Шимон Перес

Израелскиот претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес денеска беше погребан во Ерусалим.
На погребот присуствуваа лидери и функционери од целиот свет.
Перес е погребан покрај повеќето негови претходници на националните гробишта.
Перес почина од компликации од мозочен удар, во средата на 93. година од животот.
На закопот покрај американскиот претседател Барак Обама, беше и палестинскиот лидер Махмуд Абас, Франсоа Оланд и Јоаким Гаук, како и многу други државници од целиот свет.
Светло на настанот е ракувањето на израелскиот Нетанјаху со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e