Дебата во Србија за предлогот за казнување за негирање на геноцид

Белградскиот фонд за хуманитарно право (БФХ) денеска апелираше до пратениците на Србија да го променат предложеното законско решение за казнување за негирање на геноцид затоа што тој во денешната форма дозволува да се негира геноцидот во Сребреница и други злосторства сторени за време на војната во Хрватска и во БиХ.

Во Собранието на Србија во вторникот почна расправата за измените на Кривичниот законик кој предвидува забрана за јавно одобрување и негирање на геноцидот, злосторства против човештвото и воени злосторства, но само ако тие кривични дела се утврдени со правосилна пресуда. За тоа е предвидена казна од шест месеци до пет години.

БФХ апелираше пратениците да ги прифатат измените и ги повикаа државните органи да ги прифатат доказите утврдени пред Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд на правдата во врска со злосторствата направени на просторот на поранешна Југославија во текот на 1990-те години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e