Членови на Златна зора упаднаа во училиште со деца бегалци

Членовите на грчката крајнодесничарска партија Златна зора упаднале во училиште во Перама, во кое требало да учат деца бегалци.

Тензијата ескалирала, откако неонацистите почнале да се изживуваат врз наставниците, јавија грчки медиуми.

Во групата учествувал и пратеникот од Златна зора, Јанис Лагос, кој неодамна беше пуштен од затвор со мерка забрана да се појавува на јавни настани.

Нападот се случил во моментот кога наставниците и родителите требало да дискутираат за прашањето за обука на 25 бегалски деца, кои привремено престојуваат во кампот Схисто.

Пред училиштето се собрале 20-тина припадници на Златна зора, заедно со пратеникот за да протестираат против обуката на бегалски деца во училиштето. Таму имало и група родители, кои исто така не сакале децата-бегалци да учат во тоа училиште.

Полицајците кои се наоѓале на местото на инцидентот не интервенирале. Полицијата отвори истрага, а Министерството за образование го осуди инцидентот.

По наставничкиот совет е донесена одлука децата на бегалците да можат да посетуваат настава во тоа училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e