Цената на нафтата вртоглаво ќе скокне

Цената на сировата нафта би можела да надмине 100 долари за барел во наредните години, бидејќи проблемите со испорака на нафта од Иран и Венецуела веројатно ќе извршат притисок на глобалниот енергетски пазар, тврдат аналитичарите.

Цената на фјучерсите на северноморската нафта од типот “Брент”, која моментално се движи околу 77 долари за барел, ќе достигне 90 долари за барел во второто тримесечје од 2019. година поради големото намалување на светските резерви, порачуваат од таа банка.

Цените на “црното злато”, меѓутоа, би можеле да пораснат уште повеќе, со оглед на договорот меѓу Организацијата на земји извозници на нафта – “OPEC” и другите главни произведувачи, како Русија.

Влошувањето на ситуацијата во Иран може да ја крене цената на 100 долари, односно на нивото кое не е видено уште од 2014. година, велат аналитичарите.

Нафтата “Брент” достигнала највисоко ниво во последните 3 години, набрзо откако американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на оваа седмица рекол дека САД се повлекува од нуклеарниот договор кој е постигнат од пред три години со Иран и најавил обновување на санкциите.

Иран наводно произведува четири проценти од вкупната глобална испорака, и има дневно производство од околу 3,8 милиони барели.

Аналитичарите очекуваат дека “OPEC” и Русија постепено ќе намалуваат количините кои ги држат подалеку од пазарот. Меѓутоа, доколку не се повлечат од својот сегашен договор и ограничувањата на производството, ситуацијата на глобалниот пазар, како што оценуваат, ќе стане позатегната и цената ќе се зголемува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e