Бугарија последна во ЕУ според индексот на слобода на медиуми на „Репортери без граници“

Бугарија падна за едно место на годинешното рангирање за слобода на медиумите на Репортери без граници и сега е на 112 место од 180 земји вклучени во индексот.

Бугарија е последна во ЕУ по тој индикатор, а главните причини за влошување на медиумското опкружување се насилството врз новинарите и нетранспарентното финансирање на медиумите со европски фондови од државата.

Втора земја со најлоши резултати во ЕУ е Унгарија, која е за 10 места над Бугарија – 92.

Во регионот на Балканот, само Турција има полоши резултати, и се наоѓа на 153 место според индексот на слобода на медиумите на РБГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e