Британски медиуми: Брисел не планира викендот да разговара за Брегзит

Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит за време на викендот, објавија денеска британските медиуми. Разговори за планот на Џонсон по прашањето за ирската граница ќе нема овој викенд, потврди портпаролката на ЕК, Наташа Берто за Скај. Таа додаде дека на Велика Британија во понеделник ќе ѝ биде дадена „втора шанса за детална презентација на нејзините предлози.

„Ако имавме разговори во текот на викендот, тоа ќе изгледа како да станува збор за вистински преговори, а ние сме далеку од тоа“, изјави европски дипломат за „Тајмс“.

Борис Џонсон повтори дека нема да бара одложување на Брегзит.

„Нов договор или без договор, но нема одложување“, напиша Џонсон на Твитер.

Сепак, неговата Влада за првпат вчера призна дека Џонсон ќе испрати писмо до ЕУ во кое ќе побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор до 19 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e