Брак исполнет со перверзии и педофилија ѝ се заканува на Хилари: Дали е ова крајот на нејзиниот пат кон Белата куќа?

Хума Абедин е најблиска соработничка на Хилари Клинтон, но нејзиниот брак со перверзниот Ентони Вајнер би можел да ги помати сметките на кандидатката за Белата куќа.

Хума знаела дека нејзиниот сопруг е склон кон перверзно и настрано сексуално однесување, но не можела ни да замисли на кој начин тоа ќе влијае, не само на нејзиниот живот и кариера, туку и на кариерата на жената на која посветила голем дел од својот живот.

Нејзиниот брак е во центарот на скандалот поврзан со тајните сервери на Хилари, откако ФБИ дошол во посед на мејлови поврзани со цел случај кој се истражува.


Абедин и нејзиниот сопруг Вајнер веќе неколку пати биле во центарот на вниманието на јавноста поради фактот дека Вајнер често праќал пораки и непристојни фотографии на жени и малолетно девојче кое никогаш не го запознал.

Тајните на Вајнер излегле на виделина кога Daily mail на 21.09. објавил докази за неговото допишување со 15-годишно девојче, а на темел на кои започнала истрагата. Тој цело време знаел колку години има девојчето, но сепак продолжил со праќање пораки во кои мечтаел дека ја силува.

Во тоа време уште бил оженет, иако Абедин најавила развод поради секс скандалот.

Абедин е инаку посветена муслиманка, додека Вајнер е Евреин. Парот го венчал самиот Бил Клинтон во Њујорк во 2010. година, а Хилари била организаторка на забавата. Парот изгледал незапирливо.

Таа изгледала гламурозно, а Вајнер ги воодушевил сите со своите говорнички вештини. Исто така, вешто се претставиле преку нова технологија која ги прикажала во најдобро светло.

Сепак на крајот таа технологија ги чинела, бидејќи токму благодарение на неа станале предмет на исмејување на социјалните мрежи.

“Ултимативниот пар” се соочил со секојдневно откривање на “валканата долна облека” пред сите.

Не требало долго да се открие настраниот порок на Вајнер…А истрагата само што започнала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e