Бомбашот од метрото во Санкт Петербург осуден на доживотен затвор

Аброр Азимов е прогласен за виновен за терористичкиот напад на 3 април 2017 година, кога во метро во Санкт Петербург експлодира бомба, за што е осуден на доживотна казна затвор, пресуди денеска Вториот воен суд на Западниот округ.

– Аброр Азимов е осуден на доживотен затвор, изјави судијата Андреј Морозов.

Судот, исто така, осуди уште десет лица на меѓу 19 и 28 години затвор поради нападот.

Сите 11 осомничени се изјасниле дека не се виновни.

Во терористичкиот напад во Санкт Петербург во 2017 година загинаа 15 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e