Работник од Берово тешко повреден: „МАН“ се превртел при истовар на глина во Виница

На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.С.(68) од Берово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница. Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e