Бил Гејтс откри колку пари ќе им остави на своите деца

Еден од најбогатите луѓе на светот, основачот на Мајкрософт – Бил Гејтс чие богатство се проценува на околу 74 милијарди долари, изјави дека речиси ништо од тоа нема да им остави на своите деца.
„Моите деца ќе стекнат образование и ќе мора самите да изградат сопствена кариера и да тргнат по својот животен пат“, изјави Бил Гејтс.
„Толку големо богатство ќе им ги уништи животите. Во наследство тие ќе добијат минимален дел колку за да не бидат сиромашни, а за се останато во животот, ќе мора да се изборат самите“, изјави Гејтс кој заедно со неговата сопруга Мелинда, во хуманитарни цели досега има донирано вртоглави 30 милијарди долари.
Бил Гејтс има три деца – 20-годишната Џенифер, 17-годишниот Рори и најмалата Фиби која што има 14 години.
Покрај тоа, американскиот милијардер изјави дека неговите деца по неговата смрт нема да управуваат со хуманитарната организација, туку сите пари ќе им бидат донирани на луѓето на кои што им се потребни – се со главна цел, а тоа е искоренување на сиромаштијата во светот.
„Тие пари не им припаѓаат ним. Парите им припаѓаат на сиромашните и на болните луѓе“, порача основачот на Мајкрософт.
Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e