Антитерористички операции во Албанија, Косово и во Македонија

Заедничка антитерористичка операција беше спроведена минатата недела во Албанија, Косово и во Македонија, соопштија албанските власти. Во Албанија, специјализирани структури за борба против тероризмот во државната полиција, а во соработка со обвинителството за сериозен криминал, уапсија четири лица со албанска националност.

Операцијата беше спроведена од државната полиција во координација со локалните полициски сектори на Тирана, Скадар, Дебар, Елбасан, како и со мобилните операциони сили.

Албанската полиција вчера соопшти дека антитерористичките сили и обвинителството за сериозен криминал, во соработка со соседните земји, Косово и Македонија, сè уште бараат потенцијални соработници на четирите уапсени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e