Американска анализа: Путин ни порачува: Ако сакате војна, ќе ја добиете!

Цела година откако Русија се вклучила во Сирискиот судир на страната на претседателот Башар Ал Асад, Москва станала ривал на САД и НАТО во буквално сите можни подрачја.

Ова е краток список од тоа што досега Русија го постигнала во последните месец дена, наведува Business Insider:

● По сè судејќи го бомбардирала хуманитарниот конвој на ОН, кој се обидел да пренесе помош до Алепо, и со тоа ги прекршила мировните преговори помеѓу САД и Русија.

● Продолжила да гаѓа цивилни цели во Сирија – и тоа, како што тврдат експертите, користејќи хемиско оружје – со што ја влошува бегалската криза во Европа. Американскиот генерал Филип Бридлав отишол толку далеку што ја обвинил Русија дека намерно напаѓа цивили, зголемувајќи го дотокот на бегалци кон Европа.

● Пратиле ракети способно да носат нуклеарно оружје во својата европска енклава Калининград.

● Го суспендирале Договорот помеѓу Русија и САД за уништување на вишокот на плутониум поради тоа што Русија го окарактеризирала како “непријателски акции на САД”.

● Пратиле дополнителни противракетни одбранбени батерии во Сирија, и дури и се заканиле дека без предупредување ќе рушат американски авиони кои ќе летаат над Сирија.

● Учествувале во воени вежби со Кина во Јужното кинеско море, каде Кина, како што тврди Business Insider, илегално присоединила и милитаризирала вештачки острови.

● Судејќи според околностите, Русите ги хакирале серверите на Националниот демократски комитет и другите агенции на владата на САД, од каде во јавноста протекле информации кои имаат за цел да ги делегитимизираат претстојните избори во САД и да ја дестабилизираат земјата.

analiza-vojna-rusija-sad-02

Односите најлоши од Студената војна

Без сомнение, односите помеѓу Русија и Западот се на најлошо ниво од Студената војна.

Пензионираниот руски генерал Евгениј Бузински за BBC рекол дека Русија го гледа Западот како противник, со оглед на санкциите против неа и забраната рускиот параолимписки тим да учествува на Параолимписките игри во Рио поради, како што тврди Business Insider, добро документираното учество во допингот на спортистите, што Москва го гледа како агресија против неа.

“Секако дека постои реакција. Русија и Путин тоа го гледаат како сеопфатна војна на сите фронтови. Доколку сакате судир, ќе го имате. Но тоа нема да биде судир во кој интересите на САД ќе останат недопрени. Доколку сакате судир, ќе го имате на сите полиња”, рекол Бузински.

analiza-vojna-rusija-sad-01

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e